




| Толкување |
|
Консекутивно и симултано толкување на највисоко ниво при средби на министри, владини претставници, парламентарни пратеници, при настапи во јавноста и медиумите, прес-конференции, промоции, како и во судовите се основата на моето многустрано искуство. Доколку имате потреба, ќе ми биде задоволство да Ве придружувам за време на студиски посети, средби, конференции, саеми и слично во Минхен, Берлин, Виена, Брисел – на кратко: низ цела Европа.
Симултано и консекутивно толкување со следните јазични комбинации: германски-македонски англиски-македонски македонски-германски македонски-англиски Секако дека кај мене може да нарачате и превод на Вашата конференциска документација, презентации, програми, говори и слично.
|